Дома Фудбал Останато Хаос во Бразил: Навивачите на Сао Паоло во жестока пресметка со полицијата (видео)

Хаос во Бразил: Навивачите на Сао Паоло во жестока пресметка со полицијата (видео)

Реванш натпреварот во осминафиналето од Копа Либертадорес помеѓу Сантос и Индепендиенте во Сао Паоло беше прекината на осум минути пред крајот поради нередите на бразилските навивачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фановите на Сантос направија вистински хаос фрлаа пиротехнички средства на теренот и се обидоа да влезат на теренот. Поради таквата ситуаицја чилеанскиот арбитар Баскуан мораше да го прекине натпреварот при резултат 0:0.

Брзата реакција на полицијата која беше приморана да користи пендраци ја спречи групата хулигани да влезат на теренот, со исклучок на поединци кои набрзо беа изнесени.
Инциденти немаше само во текот на натпреварот, туку и пред почетокот кога во градот при една пресметка еден навивач бил избоден.

Фудбалерите на Индепендиенте се пласираа во четвртфиналето благодарение на службената победа од 3:0 бидејќи право за настап кај Сантос во првиот натпревар немаше Карлос Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …