Дома Останати Авто Мото Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Абу Даби, и ќе се обиде со победа да ја заврши сезоната во која дојде до нова титула.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тој имаше најдобар резултат во денешните квалификации на завршниот викенд од најбрзиот шампионат. За пилотот на Мерцедес ова е шеста пол позиција сезонава, 88. вкупно во кариерата.

Позади Хамилтон се најдоа Макс Верстапен и двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер односно Себастијан Фетел. Второ најбрзо време имаше Валтери Ботас, но Финецот го смени моторот и ќе тргне од последната позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…