Дома Фудбал Хамес Родригез: Сакам да играм повеќе!

Хамес Родригез: Сакам да играм повеќе!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез јавно го искажа своето незадоволство од статусот кој го има моментално во „кралскиот“ клуб.

Хамес Родригез минатото лето се поврзуваше со многу клубови, но на крајот се реши да остане во Реал Мадрид и да се бори за првотимски статус.

Сепак, Колумбиецот и оваа сезона добива многу мала минутажа од Зидан, па јавно го искажа своето незадоволство за шпанските медиуми.

„Среќен сум во Мадрид, но сакам да играм повеќе. Но, овде има некој друг што командува и што одлучува кој ќе игра и колку. Морам да го почитувам тоа“, истакна Хамес, кој негира конфликт со Зидан.

„Мојот однос со тренерот не е лош како што пишуваат медиуми. Имам нормален однос со Зидан и ги почитувам неговите одлуки, но сакам да играм повеќе“, додаде Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…