Напаѓачот Ерлинг Холанд покажува одлични партии по доаѓањето во Борусија Дортмунд. Норвешкиот репрезентативец синоќа беше стрелец во куп дуелот со Вердер Бремен кој неговиот тим го загуби со 2:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанд стана првиот играч во историјата кој постигнал осум погодоци на своите први четири натпревари за клуб од Бундеслигата.
Норвежанецот оваа сезона блесна во дресот на Салцбург од каде во јануари се пресели во Борусија Дортмунд и веднаш почна да руши рекорди во Бундеслигата.