Eден од најдобрите напаѓачи на светот Ерлинг Халанд откри дека Пеп Гвардиола бил главната причина за неговото доаѓање во Манчестер Сити.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многумина можеби сметаа дека Халанд потешко ќе се снајде во системот на Пеп без класична „деветка“, но Норвежанецот игра фантастично и веќе постигна 10 голови во Премиер лигата и уште два во Лигата на шампионите.




„Пеп е фудбалски лудак како мене. Двајцата живееме за фудбал, како трнеер луд по фудбалот и тоа многу ми се допаѓа. Имам впечаток дека размислува само за фудбал, како може работите да бидат подобри. Одлично се вклопивме иако системот не е едноставен. Не сакав да губам време и дадов се од себе за што подобро да се прилагодам“, изјави Халанд.




Следен натпревар за Халанд и Пеп е во Лигата на шампионите каде што ќе ја пречекаат „неговата“ Борусија Дортмунд во среда од 21:00 часот.