Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд за едно полувреме испиша нова историја!

Халанд за едно полувреме испиша нова историја!

Eрлинг Халанд во првото полувреме постигна хет-трик за Манчестер Сити против Лајпциг за водство на „граѓаните“ од 3:0, а со овие три гола младиот Норвежанец постави и неколку нови рекорди.

Халанд стигна до петтиот хет-трик за Манчестер Сити во сите натпреварувања оваа сезона, тоа е три повеќе од било кој друг играч од најсилните пет првенства. Исто така е првиот играч по Хари Кејн кој постигна пет хет-трика во една сезона по Хари Кејн во сезоната 2016/2017.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


И тука не е крај на достигнувањата на норвешкиот голгетер.

Халанд постигна 30 голови на вкупно 25 натпревари во Лигата на шампионите со што стана најмладиот играч кој стигнал до оваа граница. Норвежанецот до оваа граница стигна со 22 години и 236 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рамзи не си заминал сам од Мексико, го избркале зошто си го барал кучето

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Јувентус, Арон Ремзи, го напушти Мексико Сити по краток …