Дома Топ вести Хаверц пред трансфер во Реал Мадрид

Хаверц пред трансфер во Реал Мадрид

Германскиот репрезентативец Каи Хаверц е пред трансфер во Реал Мадрид, пренесува еминентниот „Билд“.

Германецот оваа сезона не играше на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината и веќе го известил раководството на Челзи.

Најсилен интерес за Хаверц покажува Реал Мадрид, кој е во потрага по засилување во нападот, а Хаверц може да игра и како класичен напаѓач, но и на други позиции во нападот.

Анчелоти е голем симпатизер на квалитетите на Германецот, а Флорентино Перез е спремен да му ја исполни желбата.

„Билд“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и трансферот би требало да биде договорен за околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…