Тајсон Фјури конечно го испровоцира Ентони Џошуа, откако светскиот шампион испрати нецензурирана порака од „Кралот на циганите“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Џошуа го предизвика Фјури кој не боксувал од ноември 2015 година, откако на својот Твитер напиша: „Тајсон Фјури влези во форма, ебан дебелко“.
& @Tyson_Fury get fit you fat fuck
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) November 9, 2017
Поради ова Фјури преку видео порака му порача на Џошуа.
„Ова е порака до кревачот на тегови, големиот Ентони Џошуа, големиот маж кој ми рече: „Влези во форма, дебелко“. Тоа е нешто ново, тој обично не пцуе и се обидува да се направи таков каков што всушност не е. Сакам да кажам дека ќе се справам со тебе пријателе, дури нема потреба да влегувам во форма. Јас се уште можам да дојдам и да ти ја променам фацата, иако тежам 150 килограми….“, вели меѓу другото Фјури.