Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ потврди: Работнички бил драстично оштетен против Гостивар!

ФФМ потврди: Работнички бил драстично оштетен против Гостивар!

На натпреварот ФК Работнички – ФК Гостивар одигран на 26.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 9. и 30. минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакрачески и Мартин Дејаноски. 4-ти судија: Марјан Стојановски.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


9. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И ЧЕТВРТИОТ СУДИЈА (недоделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 0:0)

На средина на теренот за игра, близу четвртиот судија и првиот помошен судија на една топка која не беше во ничиј посед стартуваа два противнички играчи, играчот на гостинската екипа направи недозволен и груб старт нагазувајќи го противничкиот играч во пределот на зглобот и лигаментите од внатрешната страна на ногата и направи прекршок.

Погрешна одлука и недобра соработка на главниот судија со првиот помошен судија и четвртиот судија (кои ја поддржаа одлуката на главниот судија) што доделија жолт картон за стартот, во оваа ситуација требаше да се додели ЦРВЕН картон за гостинскиот играч за груб и опасен старт.

30. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и исправно поништен гол, при резултат 0:0)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, топката дојде до играч на домашната екипа кој постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејќи на моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на гостите. Голот исправно беше поништен.

Комплетната анализа можете да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …