Фудбалската федерација на Македонија, од 5-ти до 7-ми декември е организатор на футсал турнир на кој ќе настапат најдобрите репрезентации на Македонија, Португалија и Босна и Херцеговина.
Македонската публика, во Скопје, ќе има можност на дело да го види еден од најдобрите футсал играчи на сите времиња Португалецот Рикардињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварите ќе се играат во ВИП арената „Борис Трајковски“, а блок влезница за сите три средби ќе чини 100 денари.
Распоред на натпреварите:
5 декември 18:00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина
6 декември 17:00 часот: Португалија – Босна и Херцеговина
7 декември 17:00 часот: Македонија – Португалија.