Фудбалерот на Шкупи, Фреди Алварез се најде во друштво на Лионел Меси и Нејмар како трет асистент досега кога се сметаат фудбалерите од Јужна Америка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа сезона Алварез забележа 16 успешни додавања од кои завршиле со гол и тоа го сместува на врвот помеѓу Латиноамериканците во оваа категорија. Пред Алварез се само ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Меси.
На врвот е најдобриот фудбалер во светот во овој момент Лионел Меси со 21, Нејмар има две додавања помалку.
На листата зад Алварез е и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, како и Рафиња од Барселона, но има и уште неколку не толку познати имиња.
