Дома Фудбал Фудбалерот на Селта осуден на 4 години затвор

Фудбалерот на Селта осуден на 4 години затвор

Фудбалерот на Селта Санти Мина е осуден на затворска казна во време траење од четири години поради сексуален напад на девојка во 2017 година!

Мина тогаш беше играч на Валенсија, а покрај затворската казна ќе треба да плати отштета од 50.000 евра, притоа нема да смее да и пријде на девојката поблиску од 500 метри во следните 12 години.

Првично обвинителството во обвинителниот акт бараше дури 10 години затвор за 26-годишниот Санти, но казната на Мина беше намалена на четири години.

Лоша вест за Мина и Селта е фактот дека затворската казна го надминува рокот од две години, па според законот нема да може да избегне време во затвор, а тоа ќе значи и крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…