Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Јувентус и Аталанта вчера одиграа 1:1 во 12. коло од Серија А. Трагичар за домаќините беше Кристиано Роналдо кој промаши пенал во 61. минута.

Меѓутоа навивачите на Јувентус го критикуваат судењето и сметаат дека Мартин Де Рон требало да биде исклучен во 52. минута за стартот на Хуан Квардадо.

Де Рон на Твитер одговори на еден фан на Јувентус и призна дека направил грешка.

„Требаше да бидеш исклучен за стартот на Квардадо“, му напиша еден фан.

„Се сложувам. Задоцнив и бев прегруб. Се надевам дека на сите им е јасно дека тоа не ми беше намерата. Му се извинувам на Квардадо“, одговори Де Рон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија подобра од Башкими, Силекс и Тиквеш ги поделија бодовите (Видео)

Шкендија им се врати на победите по две кола без триумф, откако на домашен терен убедливо …