Дома Фудбал Фудбалерот на Аталанта пред трансфер на кариерата

Фудбалерот на Аталанта пред трансфер на кариерата

Торински Јувентус ги договори сите услови во договорот со фудбалерот на Аталанта, Ханс Хатебур.

Холандскиот фудбалер игра одлична сезона во дресот на тимот од Бергамо, а таквите игри не останаа незабележани од големите тимови.

Калчомеркато тврди дека 26-годишниот десен бек веќе договорил соработка со Старата дама и останува само клубовите да се договорат околу обештетувањето.

Десниот бек на Аталанта пред неколку дена најави дека е подготвен за нов предизвици. Тој предизвик очигледно е Јувентус и ова со сигурност ќе му биде трансфер на кареирата.

Хатебур претходните три ипол сезони беше стандарден член на Аталанта. Одигра 134 натпревари и постигна осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од мала минутажа до клучен адут: Мадуеке го воодушеви Артета

Нони Мадуеке имаше важна улога во победата на Арсенал над Хал со 1-0, а Артета го пофали н…