Дома Фудбал Фудбалерите до 21 година ги стартуваа подготовките за Гибралтар и Шведска

Фудбалерите до 21 година ги стартуваа подготовките за Гибралтар и Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од мартовскиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска во 16. часот го одработија првиот тренинг во рамките на мини подготовките за квалификациските натпревари против Гибралтар и Шведска.

Двата натпревари од Групата 7 во рамките на квалификациите за пласман на Европско првенство ќе ги одиграме во Скопје, на националната арена „Тодор Проески”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…