Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите до 17 години со втора победа над БиХ (видео)

Фудбалерите до 17 години со втора победа над БиХ (видео)

Македонската репрезентација до 17 години денеска ја оствари и втората победа на гостувањето кај Босна и Херцеговина.

На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3-та минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски стрелаше прецизно за водство од 1:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во 48-та минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.

Во 79-та минута Бесарт Гуџуфи израмни на 2:2, а пред крајот на натпреварот со својот втор гол ја донесе втората победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…