Дома Фудбал Французите дочекани како светски шампиони!

Французите дочекани како светски шампиони!

Франција доживеа пораз од Аргентина во финалето и не успеа да ја одбрани светската титула освоена во Русија во 2019 година.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека француските фудбалери одбиле било каков пречек во Париз, но ситуацијата се промени.

Мбапе и друштвото се појавија во Париз каде што добија спектакуларен пречек од илјадници луѓе кои го почитуваа нивниот успех и пласманот во финалето.

Селекторот Дешамп објасни и зошто одлуката се променила.

„Наша должност е да се заблагодариме на сите Французи кои беа наша поддршка и ни даваа сила во текот на Светското првенство. Ги споделивме фантастичните емоции и кога последниот меч заврши болно.

Не треба да заборавиме што направија овие момци иако имавме многу потешкотии пред и во текот на Мундијалот. За нас и играчите е многу важно да ја поздравиме оваа публика“, порача Дешамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…