Дома Останати Кошарка Франција после голем пресврт стигна до бронзата во Кина

Франција после голем пресврт стигна до бронзата во Кина

Кошаркарите на Франција ја освоија бронзата на Светското првенство кое се игра во Кина. Тие после голем пресврт ја совладаа Австралија со резултат 67:59.

Oд самиот почеток на натпреварот Австралија го наметна својот ритам и водеше дури во три четвртини.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу прекршоци и голема борба видовме од првата минута, а во најголем дел од натпреварот „кенгурите“ имаа предност. Расположен беше Џо Инглс кој со 12 поени во првиот дел ја предводеше својата селекција, па на одмор се замина со водство на Австралија од 30:21.

Брзо Австралијците стигнаа и до двоцифрена предност. Во третата четвртина во еден момент имаа и плус 15. Тогаш Французите заиграа подобро и успеаа да ја намалат предноста на ривалот, па во последната четвртина влегоа со заостанување од само четири поени.

Дури во четвртата четвртина Франција влезе во својот препознатлив ритам се разигра одличниот Албиси кој погоди три тројки во низа и ги одведе Французите на плус 7.

Се обидуваше Австралија да се врати во натпреварот меѓутоа немаа сили и Франција стигна до бронзата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…