Дома Ракомет Франција очекувано до новите два бода, Србија и вторпат декласирана полека се збогува со ЕП

Франција очекувано до новите два бода, Србија и вторпат декласирана полека се збогува со ЕП

Франција очекувано стигна и до вторите два бода во групната фаза, славејќи над селекцијата на Австрија со убедливи 33:26.

Без никакви проблеми, Франција ја оправда фаворитската улога во денешниот дуел. Најефикасен во таборот на Триколорите беше Нгесан со постигнати седум погодоци, додека на спротивната страна тоа беше Вебер со пет постигнати гола.

Што се однесува до групата А, во првиот термин попладнево, Шведска славеше над Србија со 30:25. Шведска беше апсолутен фаворит во мечот, но она што е сигурно е дека Србија има квалитет, кој во изминативе две кола не проби на теренот.

Викинзите на голот го имаа расположениот Апелгрен со 19 интервенции, инаку најефикасен во составот беше Лагергрин со пет постигнати гола, додека кај Србија прв стрелец беше Немања Илиќ со исто така пет постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Телефонот бил исклучен, поддршката ја чувствувал: Бекриќ за бронзата од Москва

Емир Бекриќ се наврати на светскиот медал од 2013 година, пораката „one love“ и емотивната…