Дома Ракомет Франција значително ослабена во продолжението: Во аут поради повреда единствениот лев бек!

Франција значително ослабена во продолжението: Во аут поради повреда единствениот лев бек!

Француската ракометна репрезентација значително е ослабена во продолжението на ЕП во Хрватска.

Селекторот, Дидиер Динар остана без Тимотe Н’Гесан кој на мечот со Белорусија го повреди коленото и испадна за остатокот од шампионатот. Досега на ЕП постигна 8 погодоци.

Тимотe Н’Гесан е единствениот класичен лев бек, кој Динар го поведе во Хрватска.

Лекарскиот тим денес соопшти дека станува збор за сериозна повреда, па во продолжението во тимот Французите ќе го пријават Лагарде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Телефонот бил исклучен, поддршката ја чувствувал: Бекриќ за бронзата од Москва

Емир Бекриќ се наврати на светскиот медал од 2013 година, пораката „one love“ и емотивната…