Дома Останати Кошарка Франција во драматичен натпревар ја испрати Литванија дома, САД го доби дербито против Грција

Франција во драматичен натпревар ја испрати Литванија дома, САД го доби дербито против Грција

Се вратија Литванците во финишот, но не успеаа да ги срушат Французите.

Репрезентацијата на Франција продолжува да победува во Кина и ја запишаа четвртата победа во низа, ја совладаа Литванија со 78:75.

Со таа победа се обезбедија самите, но и Австралија која исто така се пласираше во четвртфиналето.

После првите 10 минути игра Франција водеше со 26:14. Во втората четвртина Литванија успеа да париера, но тоа беше доволно да само да намалат на два поени пред заминувањето на полувреме.

Во третата четвртина слична слика на паркетот. Се играше тврдо, а Франција во последната четвртина си обезбеди предност од +11.

Се играше кош за кош и двете селекции се бора за секоја топка. Литванците во еден период направија мала серија и успеаа да се вратат. На 30 секунди пред крајот Валанчиунас ги доведе Литванците на само пола кош, за Де Коло во наредниот напад да ги одведе Французите на +3.

Мачијулис промаши шут за три поени во финишот, Сабонис не успеа да го поправи, па пулените на Венсан Коле обезбедија четвртфинале.

Победничкиот состав беше предводен од Еван Фурние со 24 поени, три помалку додаде Де Коло, додека двоцифрен беше и Батум. Гобер беше на раб на дабл-дабл со девет поени и осум скокови.

Во дербито на денот Американците не дозволија изненадување и ја совладаа Грција со 69:53. На оваа средна фаворитот во текот на целиот натпревар имаше предност, Грците парираа само во првата четвртина (19:17).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Гвардиола добива 225 милиони за засилувања

Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе добие голем буџет за трансфери, а целта е да го зас…