Дома Фудбал Франција без Мбапе против Холандија?!

Франција без Мбапе против Холандија?!

Според информациите на францускиот „Канал +“, Килијан Мбапе нема да игра против Холандија, а исто така не е сигурно ниту дека ќе биде спремен за дуелот со Полска.

Мбапе е во фокусот на вниманието откак овчера се повреди и заработи фрактуран а носта.

Веќе е потврдено дека нема да биде потребна операција и тоа е добра вест, ќе носи маска, меѓутоа и ќе мора да паузира одредено време.

„Канал +“ тврди дека Мбапе сигурно не игра против Холандија во второто коло, додека настапот во последното коло од групната фаза против Полска му е под знак прашалник.

Франција вчера ја победи Австрија во натпревар во кој не блескаше, а нема дилеми дека евентуално отсуство на Мбапе за нив би било сериозен удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан бара столб за одбраната: Инасио е прва желба, цената е пречка

Капитенот на Спортинг е на врвот на јануарската листа на Милан, но „росонерите“ разгледува…