Дома Фудбал „Франс Фудбал“ со извинување до Иниеста: Прости ни, Андрес!

„Франс Фудбал“ со извинување до Иниеста: Прости ни, Андрес!

Францускиот магазин „Франс Фудбал“ во последниот број му се извини на Андрес Иниеста поради фактот што во сите овие години ниту еднаш не му ја доделија „Златната топка“

Со веста под наслов „Прости ни, Андрес“ која ја потпиша и урденикот Паскал Фере, познатиот магазин бара од шпанскиот „волшебник“ да го прифати извинувањето. Потоа следуваат и пофалби за Иниеста со оставена можност да му ја доделат „Златната топка“ доколку со „Црвената фурија“ триумфира на Мундијалот во Русија ова лето.

Помеѓу комплиментите за „волшебникот“ на Барса кој наскоро се очекува да објави дека кариерата ја продолжува во Кина се истакнува неговата фудбалска интелегенција.

Да потсетиме, Иниеста беше блиску до освојување на „Златната топка“ после Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка кога заврши на второто место според гласовите, зад Лионел Меси, а пред Чави Ернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн на испит во Мадрид, Барселона против перфектната Астон Вила

Четвртото коло во Лигата на шампионите носи девет натпревари, со Атлетико – Баерн и Барсел…