Дома Трансфер зона Франс Фудбал: ПСЖ ја пронајде замената за Нејмар

Франс Фудбал: ПСЖ ја пронајде замената за Нејмар

Нејмар го носи дресот на ПСЖ и оваа сезона, иако цело лето се шпекулираше дека ќе го напушти Париз.

Во вториот дел од минатата сезона, Бразилецот влезе во судир со челните луѓе на клубот по што беше незадоволен и сакаше да ги напушти францускиот клуб и да се врати во Барселона.

Сепак, тоа не се случи и бразилецот остана во ПСЖ, но иако одигра само 9 натпревари оваа сезона поради повреда, успеа да постигне 6 голови.

Иако се чини дека ситуацијата меѓу двете страни се смири, Нејмар се уште нема намера да потпише нов договор со ПСЖ и сигурно ќе ја искористи првата можност да се врати на „Камп Ноу“.

ПСЖ е свесен за ова и сака да најде идеална замена за Бразилецот. Ова лето се шпекулираше дека тоа може да биде Пауло Дибала, но тој сепак остана во Јувентус.

Сега, според Франс Фудбал, во Париз се гледа нов кандидат како замена за Нејмар, а тоа е играчот на Ливерпул, Садио Мане.

На Парижаните им се допаѓа интензитетот со кој Сенегалецот игра во одбрана и напад, неговиот менталитет, а според многумина во Париз, тој е „совршен“ кандидат за замена на Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гризман ја спаси Барселона од срам против третолигашот Ибица

Барселона денес едвај ја го победи тимот на Ибица во купот на Шпанија. Ибица шокантно стиг…