Дома Топ вести „Франс Фудбал“: Лука Јовиќ веќе има нов клуб

„Франс Фудбал“: Лука Јовиќ веќе има нов клуб

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“, а веќе е позната неговата следна дестинација, тврди „Франс Фудбал“.

Еминентниот француски весник кој ретко греши со информациите тврди дека Лука Јовиќ кариерата ќе ја продолжи во Монако.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, нов тренер на клубот од „кнежевството“ е Нико Ковач, кој одлично го познава 22-годишниот напаѓач и го убедил да му се придружи во Монако.

Српскиот напаѓач не е во плановите на Зинедин Зидан, па Реал Мадрид е спремен да даде „зелено светло“ за трансферот.

Се уште не е јасно дали Јовиќ ќе се пресели во Монако на позајмица со право на откуп, или како перманентен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…