Дома Фудбал Фото: Синоќа го сруши „својот“ Лацио со дресот од идолот Неста

Фото: Синоќа го сруши „својот“ Лацио со дресот од идолот Неста

Алесио Ромањоли синоќа беше херој на Милан и со одлучувачкиот пенал против Лацио ги однесе „росонерите“ во финалето од Купот.

Ромањоли беше најдобриот поединец во текот на целите 120 милиони и одигра фантастична партија, а потоа го реализира и победничкиот пенал.

И тоа пред „Курва Норд“, трибината на која се наоѓаат навивачите на Лацио, каде како дете Ромањоли одеше да го бодри својот тим.

Алесио не крие дека од мали нозе навива за Лацио и дека негов идол е Алесандро Неста.

Синоќа, токму со дресот на Неста на својот грб го „сруши“ својот Лацио и тоа пред домашната трибина. Притоа, од почит кон навивачите не го прослави голот, иако никогаш во кариерата не го носел дресот на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еднаш го одби Милан, сега повторно е на радарот на „росонерите“

Неизвесноста околу Первис Еступињан го враќа Арчи Браун меѓу опциите на Милан. Бекот на Фе…