Дома Фудбал Италија Фото: Пораката на Астори од 2012 година покажува каков човек беше…

Фото: Пораката на Астори од 2012 година покажува каков човек беше…

Фудбалскиот свет денес го погоди веста за трагичната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Несреќниот фудбалер почина во сон од срцев удар во својата хотелска соба пред натпреварот против Удинезе, а поради оваа трагедија сите натпревари денес во Италија беа откажани.

Со години наназад фудбалери губеа животи. Голем е бројот и на оние кои прерано заминаа, а помеѓу нив е играчот од средината на Ливорно Пиермарио Моросини кој почина на терен во 2012 година во натпреварот против Пескара.

Астори по смртта на овој фудбалер ги повика сите фудбалери да му оддадат почит на Моросини.

„Откажувањето на натпреварот е најмалку важно. Ајде сите заедно да му оддадеме почит на Марио и засекогаш да се сеќаваме на него“, напиша Астори на својот Твитер профил пред шест години.

Никој не можеше ниту да замисли дека токму поради неговото прерано заминување од овој свет исто така ќе бидат одложени натпреварите во Италија.

astori

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одлуката на Нико Паз ги налути луѓето во Реал Мадрид

Решението на Нико Пас да остане во Комо во сезоната 2026/2027 предизвика незадоволство во …