Дома Топ вести ФОТО: Кој дрес најдобро му стои? Во еден од овие шест дресови Златан би можел да заигра

ФОТО: Кој дрес најдобро му стои? Во еден од овие шест дресови Златан би можел да заигра

Швеѓанецот и понатаму е ценет, сите од Апенините го сакаат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Златан Ибрахимовиќ е слободен во изборот за новата средина, а италијанските медиуми пишуваат дека следната станица ќе биде Серија А. „Corriere dello Sport“ на својата насловна страница го прикажа Ибрахимовиќ во шест различни дресови, а во еден од нив би можеле да го видиме Швеѓанецот.

Тука се трите негови поранешни клубови – Јувентус, Интер и Милан, како и Рома, Лацио и Наполи. Овој весник пишува дека сите споменати клубови се заинтересирани за Златан, пред се поради што е бесплатен, а е докажана инвестиција.

Златан во дресот на Јунајтед докажа дека е како вино и дека како ветеран и понатаму е смртоносен по голманите бидејќи постигна 28 гола во сите натпреварувања за екипата на Жозе Мурињо.

Иако во 36. година од животот и со повреда на лигаментите на коленото, Златан од јануари би можел да се врати на теренот и да биде од големо значење за речиси секој тим. Делува дека во моментов е многу блиску до Серија А, а кој дрес најдобро му стои и каде би можел да биде најдобро можно засилување?

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…