Дома Фудбал Останато „Форбс“ со најнова листа за најплатените спортисти: Тројца фудбалери на врвот

„Форбс“ со најнова листа за најплатените спортисти: Тројца фудбалери на врвот

0

Најреномираниот бизнис магазин „Форбс“ секоја година ги објавува луѓето кои имаат најголема заработка, а денес ја објавија листата на луѓето кои оствариле најголема заработка во последните 12 месеци.

Листата на „Форбс“ е направена за заработката на спортистите од јуни 2018 до јуни 2019 година.

Во топ 10 листата има само тројца фудбалери, но тројцата се на врвот.

Лионел Меси остварил најголема заработка со 127 милиони долари, зад него следи Кристиано Роналдо со 109 милиони долари и Нејмар со 105 милиони долари.

Треба да се истакне дека „Форбс“ не ги смета само платите на фудбалерите туку и заработката на фудбалерите од спонзорите. Зад фудбалската троја се најде Канело Алварез со остварена заработка од 94 милиони долари, а во топ се најде и уште Роџер Федерер со 93.4 милиони долари.

Во продолжение погледнете како изгледа листата од топ 10 најплатени спортисти:

1. Лионел Меси – 127 милиони долари

2. Кристиано Роналдо – 109 милиони долари

3. Нејмар – 105 милиони долари

4. Канело Алварез – 94 милиони долари

5. Роџер Федерер – 93.4 милиони долари

6. Расел Вилсон – 89.5 милиони долари

7. Арон Роџерс – 89.3 милиони долари

8. Леброн Џејмс – 89 милиони долари

9. Стеф Кари – 79.8 милиони долари

10. Кевин Дурант – 65.4 милиони долари

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бејл за Рамзи: Беше е*ено време нешто да направи (ВИДЕО)

Арон Рамзи од почетокот на сезоната имаше проблеми со повреди и поради тие повреди не може…