Дома Фудбал Флорентино Перез со години работи на формирање на Суперлига

Флорентино Перез со години работи на формирање на Суперлига

Претседателот на Ла Лига, Хабиер Тебас е против создавање на европска Суперлига, за чије формирање се погласно се зборува.

Тоа го потврди поранешниот претседател на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу, кој откри дека Барселона ќе биде дел од Суперлигата.

Интересно е тоа што Тебас смета дека зад таа одлука на врвот на Барселона стои првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Суперлигата е сон на претседателот на Реал, кој работи на проектот веќе долги години. Тоа не се нови вести, но голема грешка е тоа што никој не ги разбира финансиските последици кои ќе ги имаат тимовите“, кажа Тебас.

Тебас смета дека тоа ќе создаде големи економски штети на организаторите и тие кои го финансираат натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…