Дома Фудбал Германија „Флик би можел да ја промени одлуката ако Салихамиџиќ добие отказ“

„Флик би можел да ја промени одлуката ако Салихамиџиќ добие отказ“

Ханси Флик после натпреварот против Волфсбург соопшти дека раководството на клубот побарале раскин на договорот и дека сака да го напушти клубот на крајот од сезоната.

Тренерот не сакаше да ги открие причините поради кои се одлучил на заминување, а во краткото обраќање рече:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ќе го прекинам мојот договор ова лето. За мене беше важно тимот да дознае, управата на клубот ја информирав уште по елиминацијата од ПСЖ“

Меѓутоа, новинарот кој го следи Баерн, Флоријан Плетенберг смета дека Флик би можел да остане на клупата на баварскиот великан без оглед на тоа што соопшти дека сака да замине.

„Како прво, Флик има поголема поддршка во Управниот одбор на клубот и прво тие мора позитивно да одговорат на неговото барање за раскин на договорот. Исто така, ако клубот одлучи да се раздели со Хасан Салихамиџиќ, Флик би можел да ја промени одлуката.“ – тврди Плетенберг.

Флик не ја објасни причината за својата одлука, но се претпоставува дека е поради недоразбирањата со Салихамиџиќ, односно поради фактот што немал право на глас во изборот за засилувања во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…