Дома Фудбал Останато ФИФА пресуди: Кардиф треба да му плати 6 милиони на Нант за Сала

ФИФА пресуди: Кардиф треба да му плати 6 милиони на Нант за Сала

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи Кардиф да му исплати сума од 6 милиони евра (5,3 милиони фунти) на Нант за трансферот на трагично починатиот Емилиано Сала.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба го договорија трансферот на 19-ти јануари, но Аргентинецот само два дена покасно загина во авионска несреќа и не успеа дури ни да дебитира за Кардиф.

Зделката изнесуваше 15 милиони евра, сума која Кардиф требаше да ја плаќа на рати. ФИФА, која ја презеде одговорноста преку арбитража да го реши овој случај кој се одолговлекуваше со месеци, денес донесе одлука.

Сумата која одличи ФИФА да биде платена одговара на првата рата од трансферот, која се уште не е платена.

Двата клуба имаат можност да ја обжалат одлуката на ФИФА во Спортскиот суд во Лозана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерлигаш доби казна – дали ќе започне со одземени бодови?

Големи проблеми за Хал. Иако поради победата во плејофот за пласман во Премиер лигата прот…