Дома Фудбал Останато ФИФА ги потврди датумите: Не чека најкраткото Светско првенство од кога се игра во ваков формат

ФИФА ги потврди датумите: Не чека најкраткото Светско првенство од кога се игра во ваков формат

ФИФА ги потврди датумите за почеток и крај на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Светското првенство ќе започне на 21-ви ноември 2022 година, а ќе заврши на 18-ти декември. Oва го прави најкраткото СП уште од 1978 година кога на турнирот имаше само 16 екипи, двојно помалку од денешниот формат.

Со оглед на тоа дека се игра на зима тоа е лоша вест за најголемите европски клубови бидејќи фудбалерите скоро и да немаат одмор.

Ова ќе биде прв пат Светското првенство да се игра на арапско тло и втор пат во Азија откако во 2002 година беше одржано во Јапонија и Кореја. Мундијалот во Катар ќе биде последен со 32 репрезентации бидејќи се очекува на СП во 2026 година да има 48 селекции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дали Сетиен ќе остане тренер на Барса зависи од Лигата на шампионите?

Кике Сетиен работеше одлично во Бетис, а потоа после заминувањето на Ернесто Валверде доби…