Извршниот комитет на УЕФА денеска донесе одлуки за градови домаќини на финалните дуел во 2026 и 2027 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Финалето од најелитното европско натпреварување во 2026 година ќе се игра во Будимпешта на „Пушкаш Арената“. Финалето во 2027 година е најавено да се игра во Милано, но оваа одлука е суспендирана до септември кога од Фудбалската федерација на Италија треба да достават план за реновирање на „Сан Сиро“.
Финалето во 2026 година од Лига Европа ќе се игра во Истанбул на Бешикташ Парк, а во 2027 во Франкфурт.
Конференциската лига во 2026 година ќе се игра во Лајпциг на Ред Бул Арена, а во 2027 во Истанбул на Бешикташ Парк.