Португалската легенда Луис Фиго ги избра најдобрите пет фудбалери во светот според него во овој момент.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фиго кој во 2001 година ја доби наградата за најдобар во светот имаше интересен избор и во неговите петмина немаше место за Роберт Левандовски кој имаше неверојатна сезона во Баерн.
„Кристиано, Меси, Модриќ, Салах и Мбапе“ одговори Фиго на прашањето од шпанските медиуми, а како шести го додаде Нејмар.
Малку чуден избор на Фиго со оглед на тоа дека Левандовски доминираше со Баерн и ги собра сите награди. Минатата година не се доделуваше „Златната топка“, меѓутоа полскиот голгетер беше прогласен за најдобар од страна на ФИФА.