Дома Трансфер зона Фернандес не отпатува со тимот, се е спремно за трансфер во Челзи

Фернандес не отпатува со тимот, се е спремно за трансфер во Челзи

Евентуалниот трансфер на Енцо Фернандес од Бенфика во Челзи е најжешка тема во овој трасфер период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите на Челзи чекаат позитивни вести од Португалија, но во моментов информациите се контрадикторни. Добар знак е што Аргентинецот не отпатува со тимот и сигурно нема да игра вечерва против Арука.

Самиот Фернандес им се доверил на соиграчите дека трансферот помеѓу Бенфика и Челзи е договорен и дека само чека повик за да замине за Лондон.

Според други информации претседателот на Бенфика, Руи Кошта се уште не дал зелено светло за трансферот, бидејќи сака прво да биде доведена замена.

Челзи е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра, но сака сумата да ја плати на пет рати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…