Дома Фудбал Англија Фердинанд: Роналдо е пример за сите, еднаш се шетав покрај неговата куќа и видов…

Фердинанд: Роналдо е пример за сите, еднаш се шетав покрај неговата куќа и видов…

Рио Фердинанд изјави дека Кристиано Роналдо е најдобар пример за сите деца кои еден ден сакаат да станат успешни спортисти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фердинанд ја делеше соблекувалната со Роналдо во Манчестер Јунатед, па имаше прилика одблизу да се увери колку Португалецот влежува во својата кариера и напорно работи.

„Со оглед на тоа какви суми се вртат во спортот, младите треба да ги копираат Леброн Џејмс или Кристијано Роналдо. Леброн 17 години е на врвот во НБА, тоа е неверојатно. Кристијано пак има 34 и се уште е на врвот, тој една декада е помеѓу двајцата најдобри фудбалери во светот“.

„Ронакди беше првата личност која сам сум ја видел како вложува во себе. Се шетав околу неговата куќа и видов десет луѓе во неговата соба. Си реков: Кои се тие луѓе? Што се случува“, објаснува Фердинанд.

Тогаш Роналдо му појаснил дека тоа е неговиот тим кој се грижи за него. Таму биле неговиот кувар, психолог, доктор, личен тренер, физиотерапевт…

„Замина од Манчестер Јунајтед за да стане најдобар во светот. Тој е како Леброн Џејмс, двајцата вложија многу пари во тоа да имаат соодветна опрема со цел нивното тело и нивниот ум да работат на највисоко ниво долги години“, заклучи Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?

Италијанскиот тренер Енцо Мареска е единствениот кандидат за клупата на Манчестер Сити ако…