Дома Фудбал Останато Фердинанд за Дибала: Тој сака да седи на клупа и да чека трофеј во ЛШ, такви не ни требаат

Фердинанд за Дибала: Тој сака да седи на клупа и да чека трофеј во ЛШ, такви не ни требаат

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала ова лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но Дибала на крајот засега остана во Јувентус.

Јувентус и Јунајтед ја договорија оштетата за аргентинскиот играч, но на крајот Дибала со своите превисоки барања го откажа Манчестер Јунајтед. Со сумата која Аргентинецот ја бараше сакаше да стане еден од најплатените играчи на Островот.

„Црвените ѓаволи“ не сакаа да му ги исполнат таквите услови и се откажаа. Дибала засега е во Јувентус, но не се исклучува можноста до крајот на преодниот рок да го напушти Торино. Откако преодниот рок во Англија заврши најсериозен кандидат за неговиот потпис е ПСЖ.

Пропадниот трансфер на Дибала одлучи да го прокоментира и легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд.

„Тој веројатно мисли дека му е подобро да седи на клупа и да чека трофеј во Лигата на шампионите. Среќен сум што не дојде во Јунајтед бидејќи тој го нема она што еден играч на Јунајтед треба да го поседува. Такви играчи не ни се потребни“, порача Фердинанд.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: „Граѓаните“ во шок, „ѓаволски“ добро полувреме на Јунајтед

Манчестер Јунајтед го одигра најдоброто полувреме оваа сезона и има висока предност од 2:0…