Дома Фудбал Лига на шампиони Фердинанд за „бисерот“ на Сити: Тој е најдобар млад играч, подобар е и од Халанд

Фердинанд за „бисерот“ на Сити: Тој е најдобар млад играч, подобар е и од Халанд

Рио Фердинанд, поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед испрати големи пофалби за 20 годишниот Фил Фоден после натпреварот помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ во Лигата на шампионите.

Фердинанд е убеден дека Фоден во овој момент е најдобриот млад играч во светот.

„Во овој момент по актуелната форма би кажал дека Фоден е најдобриот млад играч во светот. Подобар е и од Ерлинг Халанд“, порача легендарниот напаѓач.

Фоден кон крајот на месецот ќе го прослави 21. роденден, а оваа сезона постигна 14 голови и запиша 10 асистенции. Во вчерашната победа против ПСЖ беше асистент за вториот гол.

„Сити игра фантастично. Не сум нивни навивач, но уживам да ги гледам како играат. Марез, Стерлинг, Де Брујн, Силва, Гундоган…Нивниот напад, течноста во играта…Тоа е апсолутен фудбал. Капа доле за Пеп и неговиот тим, заслужено се во финалето“, изјави Фердинанд.

Во финалето Сити ќе игра против Реал или Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чедомир Јаневски ќе биде прв селектор на Јужна Африка на два натпревари

Maкедонскиот стратег Чедомир Јаневски неодамна доби нов ангажман како асистент во фудбалск…