Дома Останати Кошарка НБА Феникс дојде до 2:0 против Денвер, 24 поени за Јокиќ 🎥

Феникс дојде до 2:0 против Денвер, 24 поени за Јокиќ 🎥

Феникс во вториот натпревар против Денвер дојде до предност од 2:0 во серијата откако во последниот дуел изминатата ноќ славеа со 123:98.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денвер водеше само на почетокот на натпреварот, а потоа домаќините брзо го преземаа водството и истото не го испуштија до крајот на натпреварот. Домаќините беа предводени од Девин Букер кој постигна 18 поени и забележа 10 скока, Крис Пол уфрли еден поен помалку, меѓутоа запиша 15 асисстенции. Треба да се спомене дека шест кошаркари на Феникс го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени.

За Денвер не помогнаа ниту 24 поени на Никола Јокиќ кој ќе потсетиме беше избран за МВП во НБА во регуларниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…