Дома Фудбал Англија Фелаини го тужи спонзорот – бара „луда“ отштета

Фелаини го тужи спонзорот – бара „луда“ отштета

Белгискиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини најави тужба против произведувачот на спортска опрема „New Balance“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фелаини одлучи да покрене тужба против „New Balance“ откако наводно го оштетил стопалото бидејќи копачките му биле тешки.

Тој во 2012 година потпиша договор со оваа компанија и заработуваше 600.000 фунти годишно, а опремата од овој спонзор во главно ја користеше додека играше за Белгија.

Неговите адвокати сега поднесоа тужба против „New Balance“ наведувајќи дека Фелаини постојано морал да игра во копачки кои не биле удобни и кои му предизвикувале повреди,

Подоцна Фелаини го напушти овој бренд и се придружи на големото семејство на „Најк“, а доколку го добие судскиот спор „New Balance“ треба да му исплати 2,1 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл во Лос Анџелес: Најдобриот меч на Светското првенство, Нов Зеланд во трилер освои бод против Иран (Видео)

Лудница во Лос Анџелес! Малкумина очекуваа дека дуелот помеѓу Иран и Нов Зеланд ќе донесе …