Дома Тенис Федерер и Надал без проблеми во четвртфинале во Шангај

Федерер и Надал без проблеми во четвртфинале во Шангај

Роџер Федерер лесно го совлада Украинецот Александер Долгополов за пласман во четврт-финалето на Мастерсот во Шангај првпат од 2014 година.

Швајцарецот славеше со 6:4 и 6:2 во меч кој траеше точно еден час и на тој начин се пласираше во четвртфиналето каде за противник ќе го има подобриот од пресметката меѓу Ришар Гаске и Жил Симон.

Претходно, светскиот рекет број 1, Рафа Надал, го декласираше Италијанецот Фабио Фоњини со 6:3/6:1 за да обезбеди дуел со Бугаринот Григор Димитров, кој со 6:3 и 7:6 го совлада Сем Квери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Српско-хрватскиот тандем преживеа драма: Милиќ и Пољичак во полуфинале

Огњен Милиќ и Мили Пољичак ги елиминираа третите носители во Нингбо, откако решавачкиот су…