Дома Фудбал ФА отвори обвинение против Микел Артета

ФА отвори обвинение против Микел Артета

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е обвинет за недолично однесување поради коментарот на судењето по поразот во Премиер лигата од Њукасл од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Арсенал го загуби тој меч од Њукасл со 0:1, а Артета одлуката на судијата на ВАР ја нарече „срамна“.

Судијата Ентони Гордон три пати во текот на натпреварот ја проверуваше ситуацијата со ВАР технологијата, а на крајот пресуди во корист на Њукасл. Тренерот на лондонскиот тим има рок до вторник да поднесе жалба.

„Неговите коментари претставуваат недолично однесување бидејќи се навредливи за судиите или се штетни и го нарушуваат угледот на натпреварувањето“, соопшти ФА, пренесе Би-би-си.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од 0:2 до три бода: Ристиќ ја одведе Македонија У17 до победа во 94. минута

Стефан Ристиќ ги постигна сите три гола за победа од 3:2 над Унгарија во Трабзон. Македонс…