Дома Фудбал Фантантонио во свој стил – Потпиша за Верона па се пензионираше! (Видео)

Фантантонио во свој стил – Потпиша за Верона па се пензионираше! (Видео)

Иако пред само осум дена потпиша за Верона, Антонио Касано, донесе одлука да се пензионира на 35 години.

Касано е познат по тоа што секогаш знае да изенанди, а во таков стил и го напушта фудбалот. Овој пат тој одлучи да се пензионира, иако пред само една недела стави потпис на договор со Верона.

Одигра и две пријателски средби, а намести и погодок, па така ќе остане запишано дека во Верона заминал во пензија.

Како причина за неговото повлекување поранешниот репрезентативец на Италија ги наведе семејните проблеми, а својата одлука дополнително ќе ја објасни на конференцијата за новинари која е закажана за нешто подоцна.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…