Колумбиецот Радамел Фалкао ќе го напушти Монако и многу веројатно кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фалкао во Монако се врати летото 2016 година, а иако важечки дговор наводно изразил желба да го напушти Кнежествоот и кариерата да ја продолжи во Галатасарај.
Наводно Фалкао има понуда од шампионот на Турција за договор на три години вреден пет милиони евра.
Дека се работи на трансферот објави и новинарот на „Газета дело Спорт“ кој тврди дека работата блиску до реализација, поточно дека преостанатите се да се договорат само одредени детали.
За услугите на овој 31 годишен напаѓач во претходните недели се интересираа клубови од Кина и Саудиска Арабија, но играњето за Галатасарај во Лигата на шампионите претставува поголем предизвик за Фалкао.
Во минатата сезона Фалкао како фудбалер на Монако постигна 15 голови на 33 првенствени натпревари. Претходно овој напаѓач го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, Челзи, Атлетико Мадрид, Порто и Ривер Плата.