Дома Фудбал Останато Фаворитите со една нога во групната фаза од Лигата на шампионите: Жута поцрвене и не успеа да ја заштити Ријека од пораз

Фаворитите со една нога во групната фаза од Лигата на шампионите: Жута поцрвене и не успеа да ја заштити Ријека од пораз

Хрватскиот шампион беше на прагот да подготви пријатно изненадување, но Олимпијакос во судиското продолжение сепак дојде до победа.

Ријека поведе кон крајот на првото полувреме со погодокот на Хебера, Оџиџа-Офое на средината на вториот дел израмни на 1:1, а во финишот следеше вистинска драма.

Грчкиот шампион во последните десет минути имаше играч повеќе на теренот, бидејќи нашиот интернационалец Жута заработи црвен картон, а надмоќниот тим во третата минута од продолжението дојде до триумф преку Рома.

За Астана ќе биде потребно чудо, бидејќи Селтик убедливо славеше пред домашната публика.

Шампионот на Шкотска со 5:0 триумфираше и најверојатно ја заврши работата околу пласман во групната фаза од ЛШ.

На добар пат да се пласира во групната фаза е и Наполи. Италијанците славеа над Ница на домашен терен со 2:0.

Метеренс во 13. минута го отвори резултатот на асистенција на Инсињо,а победата ја заклучи Жоргињо од белата точка на дваесетина минути пред крајот.

Но, од големо значење беа и црвените картони на адреса на Ница, кога исклучување заработија Козилео и Пили.

Севиља во финишот дојде до победа во Истанбул против Башакшехир.

Шпанците поведоа преку Ескудер во раната фаза од мечот, Елијаро Елиај израмни кон средината на второто полувреме, а конечните 1:2 ги постави Бен Једер на пет минути до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите започнаа, Конте спремен да го преземе Манчестер Јунајтед

Италијанскиот стратег Антонио Конте е спремен да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед …