
Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров во денешниот натпревар против Чиле стигна до бројката 300 гола на Светските првенства.
Лазаров го игра седмиот Мундијалот, а денес стигна до брјката од 300 гола. Капитенот 300. гол го постигна од седум метри и со тоа постави оствари уште едно достигнување кое ќе биде тешко некој да го стигне во иднина.
Се очекуваше против Египет Лазаров да стигне до оваа бројка меѓутоа тој меч го одигравме катастрофално, Лазаров постигна три гола и му недостасуваа уште два.