Дома Фудбал Германија Уште еден фудбалер од Германија позитивен на коронавирус

Уште еден фудбалер од Германија позитивен на коронавирус

Втор позитивен случај на коронавирус и во германскиот фудбал и повторно од тимот на Хановер кој се натпреварува во втората германска лига.

Откако вчера беше соопштено дека Тимо Хуберс е заразен од коронавирус, денес стана јасно дека и неговиот соиграч Јанес Хорн е позитивен на коронавирус. 23-годишниот дефанзивец е на позајмица од Келн.

Многу е веројатно и други фудбалери да бидат дијагностицирани, бидејќи во саботата имало забава на тимот со локалните навивачи на која бил и Јанес.

Јанес овие денови бил во конаткт со неговиот брат, кој пак е физиотерапевт во третолигашот Ајнтрахт Брауншвајг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Македонија остана без Чурлинов!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонс…