Дома Останати Кошарка НБА Уште еден неверојатен настап на Дончиќ во поразот на Далас од Бостон (ВИДЕО)

Уште еден неверојатен настап на Дончиќ во поразот на Далас од Бостон (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Кошаркарите на Бостон Селтикс на свој паркет славеа против Далас со 116:106 и така дојдоа до осмата победа оваа сезона.

Селтикси после девет натпревари во НБА сезоната имаат само еден пораз, а вчера пред своите гледачи беа подобри од Далас. Домаќините имаа добар ритам од почетокот на натпреварот и првата четвртина ја добија со 25:21.

Во втората четвртина подобро игра Маверикс и успеаа да ја анулираат предноста на противникот, на полувреме се замина со 54:54. Изедначената игра се продолжи и во второто полувреме.

Бостон во третата четвртина успеа да направи предност од пет пеони и во псоледната четвртина водеа со 84:79. Далас до крајот се обиде да дојде до егал завршница и пресврт, меѓутоа Бостон тоа не го дозволи и на крајот домаќините запишаа победа со 116:106.

До осмата победа Бостон беше предводен од Кемба Вокер кој уфрли 29 поени и додаде пет скокови и асистенции. Се истакнал и Џејлен Браун со 25 поени и 11 скокови. Кај Далас повторно неверојатен беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 34 поени, девет асистенции и шест скокови. Со овој настап Словенецот потврди дека оваа сезона игра во фантастична форма.

Седма победа во сезоната запишаа ЛА Клиперси кои славеа на домашен терен против Торонто со 98:88. Во победничкиот тим се истакна Лу Вилијамс со 21 поен, додека Каваи Ленард беше нешто помалку шутерски расположен. Ленард против својот поранешен тим уфрли само 12 поени, додаде 11 скокови и девет асистенции. Ниту кај Торонто немаше премногу расположени играчи. Се издвои Паскал Сиакам со дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови.

Голден Стејт стигна и до веќе деветтиот пораз во сезоната, сега подобри од Вориорсите беше Јута со 122:108. Хјустон го оствари седмиот триумф против Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 122:116. Минесота однесе победа во натпреварот со Мемфис со Детроит од 114:120, додека Мемфис на гости славеше во натпреварот со Сан Антонио, 109:113.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…