Играчот за врска на Барселона целиот натпревар против Депортиво го преседи на клупата за резерви, па одлучи да го напушти клубот во јануари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Дон Балон“ тврди дека тоа било само капка која ја прелеа чашата, па 23-годишниот Денис Суарез го загуби трпението.
Тој сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а интерес за него покажуваат Наполи и Интер.
Медиумот тврди дека интервенирал и Меси кој го замолил за трпение. Аргентинецот е свесен дека Суарез уште помалку ќе добива шанса кога ќе се врати Осман Дембеле, но сепак го советувал да остане на „Камп Ноу“ и да ја чека својата шанса.
Денис Суарез е продукт на школата на Салта, а во Барселона стигна после феноменалната сезона во Виљареал, но не успеа да се избори за место во стартниот тим, па најверојатно ќе замине во зимскиот преоден рок.